Стакленото ѕвоно

Стакленото ѕвоно

  • Автор: Силвија Плат
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577751
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 278
  • Димензии: 125x195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 199,00ден

199,00ден
Првобитно објавен под псевдонимот Викторија Лукас, единствениот роман на поетесата Силвија Плат излегува во печат истата година кога таа решава да му стави крај на својот живот. Овој роман е обид да се промисли својот живот низ зборовите, обид испишувајќи го своето писмо да се испише и сопствениот живот. Пишувањето отсекогаш било креација, создавање на еден нов свет, на поинаква реалност. А писателот ја има сета слобода да создаде космос според своите правила, различен а сепак толку близок до реалноста, како некој вид друга димензија на истиот време-простор. Во оваа приказна, Плат раскажува дел од својот живот, но нејзиниот фикционален лик не е само олицетворение на самата Плат, туку и слика за човекот застанат пред својот живот, пред амбисот кој се отвора пред него и му го наметнува прашањето: Каде одам? Дали се изгубив на својот пат? Животот е трка на двесте метри со пречки. Пречките треба да се прескокнат.

Напишете ваш коментар