Стаклените деца

Стаклените деца

  • Автор: Кристина Улсон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-593-6
  • Година на издавање: 2019
  • Број на страни: 236
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 350,00ден
Цена со попуст: 280,00ден
Заштедувате: 70,00ден

Редовна цена: 350,00ден

Цена со попуст: 280,00ден

Стаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон, една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска, која својата вештина за создавање на мистерии и трилер-атмосфера успешно ја адаптира и за помладата публика.

Возбудливата и интригантна приказна се одвива околу низа мистични работи што се случуваат во новиот дом на Били и нејзината мајка. Се чини како куќата да не сака тие да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец...
Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно. Пред да биде предоцна...

„Стаклените деца“ е добитник на шведската Награда за роман за деца во 2013 година, како и на наградата на Шведското радио за најдобра книга за читатели од 9 до 12-годишна возраст.

Напишете ваш коментар