Сосед од пеколот

Сосед од пеколот

  • Автор: Р. Л. Метјусон
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-22-7
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 252
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 360,00ден
360,00ден

Хејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите работи кои ја исполнуваат: нејзината работа како професорка во средно училиште и нејзината прва самостојно купена куќа со прекрасна градина. 

Меѓутоа, се случува една работа која ѝ ги уништува и тие мали задоволства и ѝ го протресува целиот живот од корен. Во соседната куќа се доселува вистински ѓавол! Гласна музика, нездрави забави, пијани друштва, кршење прозорци со палки и топчиња за голф... Џејсон Бредфорд е вистински сосед од пеколот. И како тоа да не е доволно, тој исто така е професор во средното школо каде што предава Хејли, па ѝ го уништува животот и додека се на работа... 
 
Срамежливата Хејли е мирна и повлечена, сакајќи да избегне конфликти и расправии, таа секогаш излегува наивна и им дозволува на луѓето да ја влечат за нос, но соседот од пеколот ги преминува дури и нејзините граници. Таа нема намера да се откаже од својата работа и не може да ја продаде својата куќа, па така нема избор освен да му објави соседска војна...  
 
Но и Бредфорд има свои оружја, а тие се опасни во војна против која било жена. Неодоливиот сосед не се плаши да нападне со својот шарм и пеколно добриот изглед пред кои потклекнуваат и многу посилни жени од Хејли...

Напишете ваш коментар