Собирач на светови

Собирач на светови

  • Автор: Илија Тројанов
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300894
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 465
  • Димензии: 125X195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден
Цена со попуст: 250,00ден
Заштедувате: 150,00ден

Редовна цена: 400,00ден

Цена со попуст: 250,00ден

Годината е 1842. Младиот Ричард Бартон отпловува до Индија со Британската источноиндиска компанија. Како што раскажува неговиот локален слуга, уште веднаш по пристигнувањето е јасно дека Бартон е поинаков од другите војници на британската колонијална власт, бидејќи наместо да остане во кампот, тој има желба да ги истражува јазиците и збирните места на локалното население.Собирач на светови ги следи патувањата на Бартон низ Блискиот Исток и Африка, раскажани од страна на луѓето што го опкружуваат: отоманскиот бег на Хијаз, кој спроведува истражување за неговото патување до светите места, и поранешниот африкански роб, кој го води Бартон до езерото Танганика. Воден од силниот спој на сочувство, љубопитност и храброст, Бартон ќе стане голем истражувач додека постојано го ризикува својот живот и својата репутација.Наградуваниот европски бестселер Собирач на светови е возбудлива приказна за извонредниот живот на Сер Ричард Бартон, една од најинтригантните и најконтроверзните личности од викторијанската ера.„Тројанов е извонреден раскажувач, неговата приказна содржи живописни слики на магија, на еротични средби и на ужас“. – Тајмс литерари саплемент„Постојано задоволство... Тројанов ги ниже бројните наративни гласови во романот со совршен слух“. – Џајлс Фоден, автор на Последниот крал на Шкотска

Напишете ваш коментар