Славејот

Славејот

  • Автор: Кристин Хана
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-57-9
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 416
  • Димензии: 130/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 420,00ден
420,00ден

Франција, 1939

Во тивко француско село, кротката и плашлива Вијан Моријак се збогува со својот сопруг, кој оди да војува. Таа не верува дека Германците ќе ја окупираат Франција, но тоа сепак се случува и ја принудува да прими непријател во сопствениот дом. Привлечниот Германец делува љубезно и човечно, но сепак е непријател кој го набљудува секој нејзин потег. Во ова време на војни, Вијан мора да научи да биде храбра. Храбра како сестра ѝ.

Нејзината помала сестра Изабел, од друга страна, мора да научи да се плаши. Таа е премногу бунтовна и храбра за свое добро. На самиот почеток од војната, се запознава со мистериозниот партизан Гејтон и се вљубува како што може да се вљуби само млад човек... лудо и комплетно. Не можејќи да седи со скрстени раце и да ја гледа татковината како пропаѓа, Изабел непромислено се приклучува на тајните групи за ослободување на Франција без да размисли за опасностите.

Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас. Ова е книга за секого, ова е книга за навек.

Моќно и незаборавно! Повеќе од десет ѕвезди!

Напишете ваш коментар