Скриена во најмрачниот агол

Скриена во најмрачниот агол

  • Автор: Елизабет Хејнс
  • Издавачка куќа: САКАМ КНИГИ
  • ИСБН: 978-608-4672-13-5
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 430
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 420,00ден
420,00ден

Скриена во најмрачниот агол создаде илјадници обожаватели ширум светот, однесе неколку поважни награди и заслужено доби превод во 32 земји. Што е она што ги маѓепса читателите на оваа книга? 

 
Пред четири години... 
Кетрин Бејли премногу долго ужива во животот како слободна девојка за да може да препознае добар тип кој вреди да се задржи за конечно да се почне нешто сериозно. Прекрасниот, харизматичен и спонтан Ли изгледа премногу совршен за да биде реален. А нејзините пријателки очигледно се согласуваат, бидејќи секоја една од нив паѓа на неговиот шарм. Но она што почнува како силна привлечност и страсен секс се претвора во нездрава љубомора и Кетрин сфаќа дека Ли има и една друга, многу помрачна страна. Неговото агресивно и посесивно однесување почнува страшно да ја плаши, но никој не ѝ верува кога таа ќе ги сподели своите стравови. Контролирана во секоја секунда од денот и изолирана од сѐ, скриена во најмрачниот агол од нејзиниот свет, очајната Кетрин прави план за бегство. 
 
После четири години... 
Ли е зад решетки, а Кетрин - сега Кети - опседнато ги проверува вратите и прозорите од нејзиниот стан, бидејќи не верува никому. Но кога атрактивниот сосед, Стјуарт, влегува во нејзиниот живот, Кети конечно се осмелува да се надева дека љубовта и среќата можеби се можни и после сѐ... до денот кога добива телефонски повик со известување дека Ли наскоро излегува од затвор. До денот кога почнува да наоѓа преместени предмети низ својот стан... еден од старите трикови на Ли. Уверена дека тој е вратен, Кети се подготвува овој пат да се бори со демоните од своето минато. 
 
Делумно драма, делумно романса, делумно морничав, опсесивен трилер - оваа книга ќе ви зададе тешка задача доколку сакате да ја оставите сред читање. Иако почнуваме да ја читаме со прилично добра претстава за тоа што се случува според описот на задната корица, книгата паралелно раскажува за двете времиња: пред четири години и после четири години и ве влече да дознаете што се случувало во секој Божји ден. Ли е шармантен и прекрасен, дури и читателите се вљубуваат во него, дали има шанси тој навистина да е така агресивен и посесивен како што се очекува или можеби Кетрин е онаа која го губи умот поради траумите во животот и навистина не заслужува човек да ѝ верува. 
 
Kнигата е голема, околу 430 страници, но нема да ви биде здодевно, ќе прелетате низ страниците и нема да бидете разочарани на крајот. Како што вели авторката на прашањата на крајот од оваа книга, ликовите продолжуваат да живеат и после книгата, само што читателите повеќе не се во можност да ѕиркаат во нивните животи... 

Напишете ваш коментар