Што и да мислиш, мисли го спротивното

Што и да мислиш, мисли го спротивното

  • Автор: Пол Арден
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300931
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 136
  • Димензии: 125X195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 280,00ден

280,00ден
ОВАА КНИГА ГИ ОБЈАСНУВА ПРИДОБИВКИТЕ ОД НОСЕЊЕТО ЛОШИ ОДЛУКИ. ТИ ПОКАЖУВА ДЕКА РИЗИКОТ Е ТВОЈАТА ГАРАНЦИЈА ВО ЖИВОТОТ. И ЗОШТО НЕРАЗУМОТ Е ПОДОБАР ОД РАЗУМОТ. ОВАА КНИГА ТИ ДАВА ХРАБРОСТ ДА ГИ ФРЛИШ КОЦКИТЕ. ШТО И ДА МИСЛИШ, МИСЛИ ГО СПРОТИВНОТО е дрзок напад на начинот на кој ги доживуваме нашата работа и нашиот свет. Наместо вообича- ените здодевни совети, Пол Арден нуди смели досетки, афоризми и парадокси – што ќе ве натераат да го преиспитате она што го сметате за свој „здрав разум”. Без оглед на тоа дали сте продавач, менаџер или купувач, Арден ќе ве инспирира со своите оригинални мисли, зачудувачки анегдоти, генијални фотографии и несекојдневни цитати на уметници, научници и филозофи. „Генијален, лош, шармантен, избувлив и крајно ексцентричен – Пол Арден е оригинален човек со невиден порив и енергија, на кој му се дадени генијална креативност и здрав разум, какви што не сте виделе досега.”Роџер Кенеди, Сачи и Сачи ШТО И ДА МИСЛИШ, МИСЛИ ГО СПРОТИВНОТО ќе ги разниша сите ваши мислења – дури и оние што не сте знаеле дека ги имате. И ќе ви даде самодоверба да преземате поголеми ризици и да уживате во вашата работа повеќе отколку што сте замислувале.ПОЛ АРДЕН е автор на светскиот бестселер НЕ Е ВАЖНО КОЛКУ СИ ДОБАР, ВАЖНО Е КОЛКУ ДОБАР САКАШ ДА БИДЕШ. Тој е поранешен извршен директор на „Сачи и Сачи“ и легенда на британскиот адвертајзинг.

Напишете ваш коментар