Шест упанишади

Шест упанишади

  • Автор: /
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-395-6
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 351
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден
Цена со попуст: 180,00ден
Заштедувате: 220,00ден

Редовна цена: 400,00ден

Цена со попуст: 180,00ден

Да се има пред себе збирка од Упанишадите е исто како да сме добиле прастаро ковчеже кое ги содржи трите придобивки на алхемијата: еликсирот на животот, каменот на мудроста и можноста минливото да се претвори во трајно (злато). Но за да се дојде до неговата содржина, како и за сите вредности на овој свет – потребен е напор. Најдрагоцените нешта се секогаш добро скриени. Ковчежето е многу старо, тешко се отвора, иако неговата содржина е безвременска. За оној што сепак решил да ѕирне надвор од времето, зад мерливите и конечни појави, што решил да го вложи тој напор за да навлезе и да го сподели „медот“ од тајните учења што мудреците им го пренесувале само на избраните, самите Упанишади поставиле насоки.

Најстарите учења на човештвото, содржани во Упанишадите, се потврда дека човек може да дојде до крајното спознание во кое „да се знае“ е еднакво со „да се биде“. Согледувањето на битието и втопувањето со таа неуништлива реалност е можно сега и овде.

 

 

Напишете ваш коментар