Шепотот на Кипарисите

Шепотот на Кипарисите

  • Автор: Ивет Манесис Корпорон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-371-0
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 279
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден

400,00ден

Возбудлива приказна за минатото и иднината, за судбината и љубовта, во која се испреплетуваат митови, магија и живописни ликови

Како ќерка на грчки емигранти, Дафне чувствува дека животот немилосрдно поминува покрај неа. Но кога по доживеаните семејни трагедии успева да застане на нозе, се чини дека полека го остварува американскиот сон. Станува успешна деловна жена и запознава млад, амбициозен и богат човек за кого треба да се омажи... Меѓутоа далеку преку Океанот, една старица може да насети дека нејзината љубена внука не е среќна и ја повикува да дојде на родниот остров. Дафне се враќа со големи планови, но судбината ѝ подготвува нешто друго...

Нејзината баба ја учи на повеќе работи: дека сигурноста не е исто што и љубовта, дека нејзиниот живот може повторно да биде исполнет со значење и дека најважната магија во која треба да се верува – е магијата на сопственото срце.

„Мајсторски напишан роман... Волшебна приказна што нè учи за тоа колку е важно да ја разбереме сопствената судбина и да го следиме своето срце.“ Лора Шроф, автор на бестселерот Невидлива нишка

 

Напишете ваш коментар