Се гледаме на врвот

Се гледаме на врвот

  • Автор: Коста Петров
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082301181
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 176
  • Димензии: 125X195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 199,00ден
199,00ден

Преку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот. А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.

Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големи- те можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што верува- ат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.

„Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“Јагода Михајловска-Георгиева, писател

Коментари од корисниците:

Коментар од Zoran Popov:
Толку комплицирано а всушност едноставно;
Толку нереално а сепак остварливо;
Толку конфузно а се е јасно;
Толку далечно а сепак блиску;
Толку страшно а сепак трпеливо и среќно;
Толку странско а сепак наше.
Се гледаме на врвот - Коста Петров (Објавен на 18.9.13)

Напишете ваш коментар