Прв чекор: Изберете ги продуктите што сакате да ги нарачате

Покрај секој наслов/артикл се наоѓа копчето „Нарачај“ – кликнете на него и производот автоматски ќе биде додаден во вашата кошничка.

Во кошничката можете да додавате неограничен број на производи, како и да ги бришете продуктите што предходно ги имате додадено.

На ист начин во кошничката може да се додадат и прозводите од листата на желби.

Во секој момент, со поглед кон горниот десен агол на екранот можете да видите колку продукти имате во кошничката и која е нивната вкупна вредност.

Кога ќе ги одберете сите книги што сакате да ги нарачате, притиснете на копчето „ ПРОДОЛЖЕТЕ СО НАРАЧКАТА“ и преминете на вториот чекор од процесот.

 

Втор чекор: Прегледување на вашата кошничка

Откако ке ги изберете продуктите што сакате да ги нарачате и ќе притиснете на копчето „ ПРОДОЛЖЕТЕ СО НАРАЧКАТА“, ќе бидете автоматски префрлени во Вашата потрошувачка кошничка. Во неа јасно се прикажани продуктите што ги нарачувате, количините (кои можете да ги смените во секој момент) и вкупната вредност на нарачката.

Во долниот дел од кошничката се наоѓа поле каде може да го внесете вашиот купон за попуст, кој ќе го добиете откако ќе станете член на нашиот Клуб на читатели

Доколку сакате да дополните нарачката со уште некој продукт, притиснете на зеленото копче „ПРОДОЛЖЕТЕ СО КУПУВАЊЕ“ што се наоѓа во левиот долен агол од потрошувачката кошничка.

За да продолжите кон третиот чекор од процесот на нарачка, притиснете на зеленото копче „ПРОДОЛЖЕТЕ СО НАРАЧКАТА“ што се наоѓа на долниот десен агол од потрошувачката кошничка.

 

Трет чекор: Внесување на вашите податоци

Во овој дел треба да ги пополните полиња со потребните лични информации. Полињата што се обележани со ѕвездича (*) се задолжителни, и без нив Вашата нарачка нема да биде успешно извршена.  Ако сте веќе регистриран член, најавете се со внесување на Вашиот имејл и лозинката.

Со селектирање на опцијата „Регистрирајте се за во иднина“ вашите податоци ќе бидат зачувани во нашиот систем, што ќе го олесни и забрза процесот на нарачување во иднина.

 

Четврт чекор: Метод на испорака

За нарачки во Република Македонија доставата ја врши курир-службата Нова Пошта.

Пратката ќе пристигне на Вашата домашна адреса од 3 до 5 работни денови од комплетирањето на нарачката. Поштарината автоматски се пресметува и се додава кон вредноста на нарачката врз основа на нејзината тежина. 

Сите нарачки над 1000 денари во границите на Р.Македонија се квалификуваат за бесплатна испорака.

За нарачки надвор од границите на Република Македонија ги користиме услугите на Македонска пошта и ДХЛ брзата пошта, во зависност a со тоа и можност за избор меѓу регуларна или брза пошта.

Откако ќе го изберете начинот да испорака што најмногу Ви одговара, кликнете на зеленото копче „Продолжете“ .

Забелешка: Поради сигурност на пратката, ве молиме наведете го вашиот телефонски број, на кој што курир-службата ќе може навремено да ве исконтактира со цел да се договори времето на достава на пратката. Во случај пратката да биде вратена од оправдани причини, трошоците за повторно праќање паѓаат на сметка на купувачот.  

 

Петти чекор: Информации за плаќање

Одберете го начинот на плаќање. На интернет-книжарницата kniga.mk можете да изберете помеѓу три методи на плаќање:

1.Готовинско плаќање при моментот на достава на пратката
2.Плаќање на фактура/уплатница
3.Плаќање со платежна картичка

 

Готовинско плаќање при моментот на достава на пратката 

Доколку сакате да платите во готовина во моментот кога курирот ќе ја достави пратката до вашата домашна адреса, изберете ја оваа понудена опција. Услугата ќе ве чини дополнителни 30 денари кои автоматски се додаваат на сумата во вашата кошничка.


Плаќање со фактура/уплатница

Доколку при купување го одбравте овој начин на плаќање, на вашата имеил адреса ќе добиете автоматски одговор со информации околку нарачката. Во самата порака се прикажани сите информации за нарачката како и пример од уплатница и објаснување како треба да ја пополните.

Уплатата може да ја извршите на местото каде вообичаено ги плаќате вашите сметки.

Вашата нарачка во овој случај ќе биде резервирана 3 работни дена. Ве молиме Вашата уплата да ја извршите во тој временски рок.


Плаќање со платежна картичка

Доколку при нарачката го одбравте овој начин на плаќање, системот автоматски ве пренесува на страната за електронско плаќање на НЛБ Тутунска банка.

 

Шести чекор: Прегледување на нарачката

Во овој чекор можете детално да ја прегледате вашата нарачка. Во десниот дел се вашите податоци, адреса за испорака, методот за испорака и плаќање кои предходно ги избравте.

Во левиот дел можете да ги прегледате продуктите кои ги нарачавте, нивната количина и цена. За потврдување на нарачката притиснете на зеленото копче „ПОТВРДИ“ во долниот десен агол.

Веднаш по комплетирањето, вие ќе добиете имеил за потврда на нарачката и линк за да го следите нејзиниот напредок.

 

МЕТОД НА ИСПОРАКА

За пратки во границите на Република Македонија ги користиме услугите на приватната пошта – Нова Пошта)

Времето потребно за испорака  на вашата пратка е 3 до 5 работни дена од моментот на комплетирање на нарачката. За купувачите кои плаќаат со уплатница, времето потребно за испорака е најдоцна до 5 работни дена од моментот кога ќе примиме потврда за извршена уплата.

До отстапки или пролонгирање на испораката може да дојде доколку примачот не е на адресата која е внесена во нарачката, лоши временски услови, и сите останати непредвидливи ситуации кои можат да влијаат на транспортот на пратката.

Достава на пратките се врши работни денови од 8:00 до 17:00 часот. За достава на нарачка можете да наведете и друга адреса од онаа која живеете, на пример, адреса на работно место.


БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

За сите нарачки над 1000 денари во границите на Република Македонија поштарината е бесплатна.

 

ИСПОРАКА ВО СТРАНСТВО

За нарачки надвор од границите на Република Македонија ги користиме услугите на Македонска пошта и ДХЛ брзата пошта, во зависност a со тоа и можност за избор меѓу регуларна или брза пошта.

Нарачките надвор од  Република Македонија можете да ги платите единствено со платежна картичка.

Цената на испораката на книгите во странство се калкулира на следниот начин:

1. Регуларна пошта – препорачана пратка преку услугите на Македонска пошта:
-за пратки до 1 килограм – 615 денари
- за пратки до 2 килограми – 916 денари

Рокот на испорака е 2 до 3 недели за Европа, 4 до 6 недели за прекуокеански пратки.

2. Брза пошта – ДХЛ
-  за пратки до 1 килограм – 35 евра
-  за секој нареден килограм цената се зголемува за дополнителни 5 евра, односно 2,5 евра за секој половина килограм (500 гр)

Рокот на испорака до вашата адреса е најдоцна за 3 работни дена во Европа, 4-5 работни дена за САД и 5-6 дена за Далечниот исток и остатокот од светот.

Забелешка: Примачот на пратката е увозник и мора да ги почитува сите закони и прописи на земјата на испорака. Нарачките, коишто се испраќаат во странство може да бидат предмет на увозни давачки, царини, даноци и такси од страна на земјата назначена за испорака. Дополнителните трошоци за царинење ќе бидат на товар на примателот.