Разговори со бога (книга втора)

Разговори со бога (книга втора)

  • Автор: Нил Доналд Волш
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082305912
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 263
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 350,00ден
350,00ден

Нил Доналд Волш еден ден седнал со пенкало во рака и со тешки прашања во своето срце. Додека ги пишувал своите прашања упатени кон Бога, сфатил дека Бог ги одговара – директно – преку неговото пенкало. А резултот бил серија духовни, провокативни и длабоки книги кои ги сменија животите на читателите низ светот.

„Разговори со Бога - Книга втора“ е втора во низата од три книги на разговори со Бога, кои траеја повеќе од пет години и кои се одвиваат сѐ до денешен ден. Во неа дијалогот се проширува справувајќи се со поглобални теми за геополитичкиот и метафизичкиот живот на планетата, како и предизвиците со кои се соочува светот. Во оваа книга Волш ја пренесува пораката со која Бог ни нуди пресврт на нашата планета; социјални, сексуални, образовни, политички, стопански и теолошки промени какви што досега немаме видено, а ретко сме ги и замислувале. Можеме ли навистина да изградиме таков свет? Бог вели дека можеме, а се што ни е потребно е нашиот избот навистина да го направиме тоа.

Разговори со Бога – Книга прва беше божја топла прегратка околу рамењата. Книга втора се доживува повеќе како благо предупредувачко протресување на тие рамења. Таа е повик за будење, предизвик да се појде кон следното ниво.

Сите нешта почнуваат од тебе. Сакаш светот да се промени? Промени ги нештата во својот свет!

 

 

 

Напишете ваш коментар