Расправа во тројка

Расправа во тројка

  • Автор: Џулијан Барнс
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300054
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 222
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 300,00ден

300,00ден
Расправа во тројка од Џулијан Барнс, е оригинален роман со безвременска тема - прељубата. Во овој љубовен триаголник, трите лика наизменично ја раскажуваат приказната од своја перспектива, во прво лице. Стјуарт Хјуз и Оливер Расел се најдобри пријатели од мали нозе, а се сосема различни карактери: банкарот Стјуарт е помалку несигурен и здодевен, а пак професорот Оливер е духовит, речит и помпезен. Но кога Стјуарт ја запознава убавата, а приземна реставраторка Џилијан Вајат, Оливер просто не може да поверува. Со потајна мисла дека Џилијан заслужува некој како него, тој се влече по вљубениот пар на нивните рандевуа па дури и прифаќа да им биде кум на свадбата. Но набргу по свадбата, кумот го прави најнеочекуваното, ѝ изјавува љубов на жената на својот најдобар пријател. Тогаш двајцата најдобри пријатели стануваат најголеми ривали. Со мајсторска техника на раскажување, Барнс напишал духовит и забавен роман испреплетен со доза на црн хумор. Различните верзии на настаните му оставаат на читателот да биде конечниот судија, а со тоа и конечниот автор. За Расправа во тројка Џулијан Барнс е добитник на наградата При Фемина во 1992 г.„Интеракција на сериозни мисли и неверојатна духовитост... Трогателен, смешен, застрашувачки... Белетристиката во најдобро светло!“Њујорк тајмс

Напишете ваш коментар