Пурпурна крава

Пурпурна крава

  • Автор: Сет Годин
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 9786084569008
  • Година на издавање: 2009
  • Број на страни: 155
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 350,00ден

350,00ден
Нешто што е посебно заслужува да се зборува за него, да биде забележано. Тоа е нешто извонредно. Ново. Интересно. Тоа е Пурпурна крава. Здодевно е тоа што е невидливо. Кафеавата крава е здодевна. Постпотрошувачкиот потрошувач потрошил сѐ што можел. Го имаме тоа што ни е потребно, а потребни ни се малку нешта; всушност, премногу сме зафатени за да трошиме време на истражување на тоа што вие со напорна работа сте го создале за нас. Одделот за маркетинг презема речиси завршен производ или услуга и ги троши парите за да ја запознае целната јавност со нивните исклучителни предности. Таквиот пристап веќе не е ефикасен. Оваа книга зборува за тоа зошто би морале да вградите Пурпурна крава во сѐ што создавате и зошто телевизијата и радиото веќе не се вашето тајно оружје. Затоа, доста реклами, дајте иновации. Ја обожавам оваа книга. Делумно нѐ повикува да се разбудиме, а делумно претставува акциски план. Пурпурна крава од Сет Годин ги упатува фирмите како да станат забележани и да го избегнат пропаѓањето во условите на современата економија. Том Кели, генерален директор на фирмата ИДЕО, автор на книгата „Тхе Арт оф Инноватион” Благодарејќи на својата интуиција, Сет Годин стана еден од најголемите маркетиншки стручњаци на денешнината. Тој и припаѓа на малата ниша во рамките на микрозаедницата на луѓето кои едноставно сфаќаат за што се работи. Рендал Ротенберг, колумнист во списанието „Адвертајзинг ејx”

Напишете ваш коментар