Категории 1 до 10 од 12 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.
  1. Ништо

    Ништо

    Јане Телер
    Сè започнува кога Пјер Антоан, главниот покренувач на настаните во Ништо на Јане Телер, на еден час изјавува дека „не постои ништо што значи нешто“, оти животот е бесмислен и нема потреба да се грижиме за ништо: за училиштето, пријателите, семејството. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  2. Книга за гробиштата

    Книга за гробиштата

    Нил Гејман

    Нил Гејман е супер ѕвезда во светот на книжевноста токму поради храброста да допре необични теми, да си игра со жанровите и сето тоа да го пренесе до читателот на едноставен и разбирлив начин. Во „Книга за гробиштата“ Гејман прави необичен спој од хорор, трилер и семејна приказна за растењето и созревањето на еден млад човек, раскажана со многу топлина, љубов и хуманост.

    Прочитај повеќе...
    Цена: 400,00ден
    Нарачај
  3. Некогаш сигурно сум одела по мека трева

    Некогаш сигурно сум одела по мека трева

    Каролина Шути
    Со јасен и поетичен, неполитички стил, Шути зборува за судбината на раселените луѓе. Потрагата по идентитет, како што сугерира и самиот наслов на романот, го одредува животот на раскажувачот во останатиот дел од приказната. Иако романот зборува за минатото на Маја преку посветеноста на нејзините баби и белоруското потекло, неговата основна тема содржи современа и универзална димензија која може да се примени во безброј региони во светот. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  4. Будење на свеста

    Будење на свеста

    Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ
    Вистинскиот извор на страдањето во светот се стравот, болката и незнаењето. Ова се случува кога не сме во допир со универзумот, кога не сме во хармонија и баланс. Сè додека ја проектираме моќта надвор од себе и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински нè исцелува, тогаш и го поддржуваме сето страдање кое му се случува на светот. Прочитај повеќе...
    Цена: 400,00ден
    Нарачај
  5. Воздух

    Воздух

    Миријам Дубини
    Времето престанува да тече кога Грета и Анселмо случајно ќе се сретнат на римските улици и ќе си погледнат во очи – нејзините пркосно лути, неговите благо насмеани. Но Анселмо не е обично момче. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  6. Како во филм

    Како во филм

    Винко Модерндорфер
    Момчето Гашпер, вљубеник во Интернет и во хорор-филмовите, само уште малку не ќе смее да ги гледа филмовите за 12+. Тој живее со мајка си Мајда, која го напуштила сонот да стане сликарка, и таткото Јоже, кој сè почесто отсуствува од дома, што предизвикува бурни кавги... Прочитај повеќе...
    Цена: 340,00ден
    Нарачај
  7. Динамичниот модел на лидерството

    Динамичниот модел на лидерството

    Милан Крајнц
    Дали сте во потрага по начин за водење успешен бизнис? Дали се соочувате со кризен период во компанијата или во приватниот живот? Решението е во динамичниот модел на лидерство. Прочитај повеќе...
    Цена: 400,00ден
    Нарачај
  8. Срце на ветрот

    Срце на ветрот

    Донал Рајан
    Срце на ветрот е роман за жителите на едно рурално место во современа Ирска погодена од финансиската криза, во кое избиваат опасни тензии. Среде масовната безработица и беспарица, се разгоруваат гневот и насилството, кои кулминираат со убиство на еден стар човек и грабнување на едно дете, сеејќи ужас, горчина и очај меѓу жителите. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  9. Луѓе без минато

    Луѓе без минато

    Ивица Челиковиќ
    Луѓе без минато е роман за човечките врски, за фаталните јазли на идеологијата во кои е заробен личниот живот, за ужасните лаги и предавства што го пресоздаваат злото. А единствениот противотров за него е едноставната и чиста човечка суштина. Прочитај повеќе...
    Цена: 250,00ден
    Нарачај
  10. Школа на животот

    Школа на животот

    Бруно Шимлеша
    Нашиот живот не е генерална проба! Ова е сознанието со кое Бруно Шимлеша нè освестува за личната одговорност водејќи нè на патот кон совршенството и остварувањето на нашиот вистински потенцијал. Повеќе немаме изговори – за да постигнеме некаква животна промена, најважна е одлуката. А клучот за нашето совршенство е љубовта – кон самите себе и кон животот. Прочитај повеќе...
    Цена: 350,00ден
    Нарачај

Категории 1 до 10 од 12 вкупно

Page:
  1. 1
  2. 2

Листа Мрежа

Поставете растечки редослед.