Прва љубов

Прва љубов

Цена: 350,00ден
350,00ден

Мислевме дека можеме да избегаме од светот...

Лудо патување низ Америка...
Мислевме дека можеме да му избегаме на времето...
и накратко успеавме во тоа...

Акси Мур е „добра девојка“: вредно учи, ги избегнува непријатните ситуации и никому не кажува дека сака да избега од целиот свој живот. Единствениот кому може да му се довери е нејзиниот најдобар пријател Робинсон – во кого случајно е и лудо вљубена.

Кога неочекувано ќе го покани заедно да патуваат низ земјата, Акси прв пат во животот ги прекршува правилата. Но откако двајцата тинејџери почнуваат да бегаат од полицијата, безгрижната авантура бргу излегува од контрола...  А кога Робинсон ненадејно колабира, Акси се соочува со вистината дека тоа може да биде неговото последно патување во животот.

Извонредно емотивна и интимна приказна произлезена од личното искуство на авторот, Прва љубов сведочи за моќта и за убавината на првата љубов, која понекогаш може да биде решавачка за целиот наш живот.

„Подгответе доволно марамчиња пред да почнете да ја читате Прва љубов. Се смеев и се кикотев повеќе отколку што плачев, но извонредниот крај на книгата навистина ќе ги предизвика сите ваши емоции“. harlequinjunkie.com

 

Напишете ваш коментар