Проектот Лазарус

Проектот Лазарус

  • Автор: Александар Хемон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577973
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 276
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 250,00ден
Цена со попуст: 90,00ден
Заштедувате: 160,00ден

Редовна цена: 250,00ден

Цена со попуст: 90,00ден

На 2 март, 1908, деветнаесетгодишниот Лазарус Авербух, источноевропски емигрант со еврејско потекло, при посетата на чикашкиот шеф на полицијата бил изрешетан до смрт и осуден како наводен анархистички убиец. Еден век подоцна, младиот писател од Чикаго по име Брик се опседнува со приказната за Лазарус. И самиот Брик по потекло од Источна Европа, го регрутира својот земјак Рора - воен фотограф од Сараево - да му се придружи во патешествието по стапките на Авербух. Низ историјата на погроми и сиромаштија, и низ денешните пејзажи со евтини мафиози и уште поевтини проститутки, приказните за Авербух и Брик нераскинливо се испреплетуваат и создаваат оригинален, провокативен и забавен роман што го потврдува Хемон како еден од најдинамичните и најважните книжевни гласови на нашето време.

„Проектот Лазарус е бестрашен и смел израз на турбулентен книжевен талент и, истовремено, студена, сурова критика на моралното насилство. И покрај симпатиите на Хемон кон другите писатели - се наѕираат влијанија не само на Набоков и Зебалд, туку и на Булгаков, Памук, Ејмис, По - тој е сосема свој, оригинален човек кој никому ништо не му должи“.Book Forum

„Возбудлив, забавен, остроумен - ѓаволски бистар и длабоко сериозен... И во замислата и во спроведувањето, Проектот Лазарус е импресивен роман. Ако продолжи вака, Хемон може да стане најнадарениот и најважниот писател на неговата генерација“.GQ

Напишете ваш коментар