Издавачкиот центар ТРИ се обврзува дека нема да ги злоупотребува личните податоци внесени при процесот на нарачка. 

За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот (како што се име и презиме, имеил, адреса на живеење и слично).

Издавачкиот центар ТРИ нема да ги дава ниту открива личните податоци на потрошувачот, освен во случаи кога тоа го пропишува законот.

Сите податоци на потрошувачот се чуваат строго и им се достапни само на вработените во нашата компанија. Издавачкиот центар ТРИ и неговите партнери се одговорни за почитување на условите за приватност.

Издавачкиот центар ТРИ се обврзува дека ќе ги заштитува личните податоци на потрошувачот и дека ќе ги евидентира само основните податоци, потребни за тековната работа.

Податоците со кои се пристапува на интернет-страницата се евидентираат автоматски, како што се бројот на посети, времето поминато на страницата и слично. Издавачкиот центар ТРИ има право да ги користи исклучиво за оценување на посетеноста на интернет-страницата и за подобрување на нејзината содржина и функционалност.

Во случај на промена на кои било лични податоци (на пример, адреса на достава или број на стан) кои се евидентираат во процесот на регистрација, потрошувачот е должен за промената да го извести Издавачкиот центар ТРИ. Во случај на промена за која не е известен, Издавачкиот центар ТРИ не одговара за каков било недостаток во поглед на нарачката односно испораката на прозводот.

Горенаведените одредби за заштита на личните податоци се однесуваат исклучиво за почетната веб-страница kniga.mk, како и за сите страници во рамки на kniga.mk домејнот, но не и за останатите линкови поврзани со kniga.mk домејнот.