Посакувам да си тука

Посакувам да си тука

  • Автор: Франсеск Миралјес
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082301105
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 255
  • Димензии: 125X195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 380,00ден

380,00ден

Животот на Даниел, успешен архитект, е исполнет со низа успеси пред да го прослави својот триесетти роденден, кога неговата свршеница ненадејно го напушта и кога темелите на неговиот совршен свет одеднаш се разнишуваат. Потонат во личниот бродолом, тој го слуша цедето што му го има подарено единствената пријателка што ќе ја задржи во текот на кариерата. Цедето е на пејачката Ева Винтер и насловната песна од албумот, „Посакувам да си тука“,чудно одекнува во него. На негово изненадување, песните како да ја раскажуваат неговата лична биографија. Во една од нив, „Цвеќе во магла“, главниот лик е млад архитект кој, откако ќе претрпи љубовна траума, ја напушта земјата во потрага по една мистериозна жена, која на крајот излегува дека е истата пејачка. Инспириран од тоа, Даниел донесува необична одлука: без да најави никому заминува во Париз, каде што живее и работи Ева Винтер, личноста со која се чини дека споделува многу заеднички работи. Додека го открива својот вистински идентитет – и патем љубовта на неговиот живот – на површината ќе исплива една огромна премолчувана тајна која ќе измени сè...

Напишете ваш коментар