Помрачување

Помрачување

  • Автор: Стефани Мајер
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577409
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 460
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 300,00ден
300,00ден
Бела? Тивкиот глас на Едвард доаѓаше  однекаде зад мене. Се свртив и го видов како лесно скока низ скалилата на тремот, со косата разбушавена од трчање. Веднаш ме привлече во својата прегратка, како и порано на паркингот, и пак ме бакна. Бакнежот ме исплаши. Имаше премногу напнатост, премногу нервоза во начинот на кој неговите усни се прилепија на моите - како да се плашеше дека ни останало уште малку време заедно. Додека Сиетл е опустошен од низата мистериозни убиства а злобната вампирка продолжува со својата потрага за освета, Бела повторно запаѓа во опасност. Згора на сè, таа е приморана да бира помеѓу љубовта на Едвард и пријателството на Џејкоб - свесна дека нејзината одлука  може да ја распламне вечната борба помеѓу вампирите и врколаците. Со брзото наближување на матурата, Бела мора да направи уште еден избор: животот или смртта. Но кое е што? Читателите што се освоени од Самрак и Млада месечина жедно ќе ја прочитаат Помрачување, третото продолжение од возбудливата фантастично-љубовна сага на Стефани Мајер.

Напишете ваш коментар