Полиција

Полиција

  • Автор: Ју Несбе
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-688-9
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 519
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 500,00ден
500,00ден

Неочекувано, еден полицаец е најден мртов на местото на старо, нерешено убиство кое тој го истражувал. Никој не ни претпоставува дека постои некаква поврзаност меѓу двете убиства. Но кога истото ќе им се случи на уште двајца полицајци во следните неколку месеци, полицијата почнува да се сомнева дека постои одреден застрашувачки шаблон зад кој се крие таинствен сериски убиец. Ниеден од старите случаи не бил решен. Убиствата се вџасувачки брутални, а полицијата нема никакви траги. Што е уште полошо, Хари Хуле, нивниот најдобар детектив, веќе не може да им помогне...

Ју Несбе одново ни сервира ѓаволски интересна приказна за степенот кој може да го достигне човечкото зло. Освен полицијата, и читателот е вклучен во потрагата полна со најнеочекувани пресврти.

„Оваа страшно заплеткана приказна е еден од најмрачните и највознемирувачки романи на Несбе. Од овој стресен трилер морници ќе ве лазат со секоја страница.“ Њујорк тајмс

Коментари од корисниците:

Коментар од Татјана Маженковска:
За сите љубители на добрите трилери, читањето на книгите од серијалот со Хари Хуле од Ју Несбе е вистинско уживање. Динамични, возбудливи, со неизвесен крај до последната страница. Несбе е типичен скандинавски автор на трилери: директен, прецизен, мрачен.
"Полиција" е сигурно роман кој треба да се прочита. Се чита во еден здив, а после него ќе посегнете и по вториот роман од серијалот, па по третиот..... Хари Хуле, паметен, циничен, харизматичен, и ако одлучил да се посвети на едукација на младите полициски кадри, и овој пат прифаќа да и помогне на полицијата во расчистувањето на убиствата.
После "Полиција", продолжете со "Призрак", "Леопард", "Снешко", "Пентаграм", "Лебарки" ..... (Објавен на 07.5.20)

Напишете ваш коментар