Подвижен хоризонт

Подвижен хоризонт

  • Автор: Даниеле дел Џудиче
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-358-1
  • Година на издавање: 2015
  • Број на страни: 156
  • Димензии: 120/200
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 280,00ден
280,00ден

Тргнувајќи на непознато патување, географско и книжевно, преку дневниците на неколку претходни експедиции, ова книжевно патешествие нè води надвор од временските рамки, во хипнотизирачкиот пејзаж на Антарктикот. 

Раскажувајќи за сопствената експедиција, Дел Џудиче создава книжевен мозаик од животот и книжевноста. Пренесувајќи ни ги суровите приказни за бродоломи, за бродови со месеци заглавени во мразот, за екипажи и морнари на работ на очајот или уништени од лудило, тој реконструира „хиперекспедиција“ која ги поврзува дамнешните патувања на старите истражувачи со сопствената авантура. Играјќи си со разновидноста на овие различни перспективи и гласови, авторот ни прикажува еден „подвижен хоризонт“ во просторот и времето – хоризонт кој е, сепак, истовремено и постојан и долготраен во чувствата што ги предизвикува. Хоризонт на кој се среќаваат сите места, приказни, денови, години и географски ери истовремено.

Подвижен хоризонт е поема на тие симултани, истовремени светови што се испреплетуваат на страниците на овој несекојдневен роман.   

 

Коментари од корисниците:

Коментар од amina pacariz:
Podvizen horizont preubava kniga (Објавен на 31.1.16)

Напишете ваш коментар