JavaScript seems to be disabled in your browser. You must have JavaScript enabled in your browser to utilize the functionality of this website.
Добредојдовте!
Редовна цена: 300,00ден
Цена со попуст: 199,00ден
Кикерон, Хоратиј, Овидиј, Сенека, Плиниј Помладиот оставиле голем број писма до пријателите кои содржат многу детали од нивниот живот и работа, за нивните карактери, за јавниот и политичкиот живот, за местото и улогата што ги имале во бурниот Рим. Писмата се кратки состави и есеи, во стих и проза, вистински бисери на епистоларната книжевност, многу познат книжевен вид во римската традиција. Сите тие биле во активен однос со римското општество. Исклучително образовани, создавале под влијание на филозофските школи актуелни во периодот и пишувале под влијание на општествено-историските настани испреплетени со нивните лични приказни кои се одвивале во тие најбурни времиња на римската цивилизација.
Изборот за овој превод е направен од убедување дека односите меѓу луѓето кои се одржуваат преку писма сами по себе се секогаш интригантни, дека не се само текст или порака. Tие се допир, израз на лицето, глас, сјај во очите, сведоштва на субјективно доживеани настани, на телесни и емотивни бури. Тешко е да се напише добро писмо кое има трајна и општа вредност, кое е одраз и израз на едно време и состојби во кои се живее и создава, или се тоне и пропаѓа.
Мисла на денот
Топ 5
Во какви книги најмногу уживате?