Пеколен портокал

Пеколен портокал

  • Автор: Ентони Бурџис
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300221
  • Година на издавање: 2011
  • Број на страни: 192
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 300,00ден

300,00ден

И? Сеа што праиме?

Ремек-делото на Ентони Бурџис, Пеколен портокал, е сурова и застрашувачка приказна за темната страна на човекот и модерното општество, за озогласените деструктивни банди составени од млади луѓе кои штом падне мрак беснеат низ темните сокаци и претепуваат, силуваат и пљачкосуваат сè што ќе им се најде на патот, за новите методи на лечење на затворениците со неконвенционални шок-терапии што треба да го „одвикнат“ престапникот од вршење насилство. Бурџис експлицитно го опишува она што самиот ќе го нарече ултра- насилство, а бесчувствителното (или подобро безумно) општеството чија визија ја дава си поигрува со судбината на скромниот раскажувач и „друзја“ Алекс, чии страсти се дрогата, сексот, насилството и - „Деветката“ на Бетовен.Основата за еден од најфамозните филмови на сите времиња, Пеколен портокал е истовремено виртуозна изведба на генијалниот прозен мајстор Ентони Бурџис и сериозното истражување на моралот на слободната волја.

„Не познавам друг писател кој направил олку многу со јазикот... Ужасно смешна книга.“ Вилијам С. Бароуз

Напишете ваш коментар