Педесет нијанси сива

Педесет нијанси сива

  • Автор: Е.Л. Џејмс
  • Издавачка куќа: ТОПЕР
  • ИСБН: 978-608-208-205-9
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 495
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 550,00ден

550,00ден

Книгата која го заведе целиот свет!

Проверете зошто целиот свет ја изгуби главата заради еден еротски роман.

Младата апсолвентка по книжевност, Анастасија Стил, мисли дека има проблеми. Таа е ситна, со нескротлива коса, срамежлива и сѐ уште девица. Вози искршена буба и за една недела ги полага финалните испити на факултет. Ѝ треба време за да учи, ама покрај сето ова е приморана да ја замени својата цимерка, прекрасната Кејт, уредник на студентскиот магазин, која има лоша настинка, да оди во Сиетел за да го интервјуира младиот милионер Кристијан Греј.


Лута на Кејт, на себе и на светот оди на закажаното интервју, потполно неподготвена. Влегува во импозантната канцеларија на г. Греј, се сопка и му паѓа право в раце. Уште од првиот допир осеќа електричен шок. А г. Греј е млад, успешен, секси, арогантен и пребогат.

Интервјуто почнува, а Анастасија иако неподготвена и срамежлива, успева во рок од петнаесет минути да го насмее, изнервира и да го шармира г. Греј. Си заминува за Портланд со мислите на учењето.

Во наредните денови г. Греј е секаде каде што е таа, дури доаѓа каде што работи и купува разен асортиман на јажиња...

Ана е шокирана, сите ѝ велат дека богатиот ерген е тука заради неа и да ја искористи оваа прилика. Но Кристијан постојано ја предупредува дека не е за неа.

Не можејќи веќе да издржи го приморува да ѝ каже зошто не е за неа. И тука почнува вистинската приказна, кога Кејт ќе види дека таа и всушност немала никакви проблеми пред да го запознае г. Греј кој не дозволува никој да го допре.

Тој е Доминант. Сака сексуално потчинети партнерки и сака сексуално да ја потчини Ана. Ѝ ја покажува својата Црвена соба на болка и задоволство и очекува таа да избега како од ѓавол. Но, Ана секогаш успева да го изненади. Не бега од него, не го осудува. Кристијан ѝ дава избор, да потпишe договор со правила и да му стане потчинета или слободно да си замине... A Ана, не прифаќа ни едно ни друго, туку му ја дава својата невиност. Шокирајќи го до неверување.

 

Напишете ваш коментар