Патување од сто чекори

Патување од сто чекори

  • Автор: Ричард С. Морејс
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-237-9
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 272
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: MK
Цена: 400,00ден

400,00ден

На прашливите улици на Бомбај започнува неверојатната приказна на Хасан Хаџи, момче со извонреден кулинарски талент родено над скромната семејна гостилница. Откако ненадејната трагедија ќе го протера големото семејство од Индија, по краткиот престој во Лондон, барајќи утеха во локалната храна низ Европа, тоа конечно се вдомува во тивкото село Лумиер на француските Алпи.

Новоотворениот и бучен индиски ресторан е трн во окото на мадам Малори, сопственичката на елитниот француски ресторан отспротива. Нивната кулинарска војна кулминира со кобна пресметка во која затечениот Хасан за малку ќе настрада. Двете страни ја закопуваат секирата и младиот готвач ја прифаќа неповторливата понуда на славната готвачка – да го воведе во тајните на француската кујна. Така ги изминува првите трнливи сто чекори во светот на кулинарството, а оттаму судбината го води во безброј нови авантури во Париз, светската престолнина на гастрономијата.

Сочен, забавен и разигран роман што ви ги обзема сетилата. Горчливо-слатка приказна за семејството и припадноста, за неизбежноста на судбината и, пред сè – за тајните на добриот вкус. Неодолив книжевен специјалитет!

„Извонредно! Убедливо најдобриот роман за кулинарскиот свет на сите времиња! И апсолутно возбудлив од почеток до крај“. Ентони Бордејн

„Кулинарско патување од Мумбај до Париз“. Индипендент

„Прекрасен роман што ги зачинува превртливите човекови односи со топлината на традиционалната кујна“. ЈУ магазин

„Шармантен роман – живописен, сочен и моќен“. Џоен Харис, авторка на романот Чоколада

„Не читајте ја книгава ако сте гладни – ќе ја изедете!“ Сајмон Бофој, сценарист на филмот Милионер од гетото

 

Напишете ваш коментар