Патот

Патот

Цена: 200,00ден
200,00ден

Тивки, непретенциозни, одмерени, а длабоко прочувствувани и автентични – такви се стиховите на Виолета Танчева-Златева. Се концентрираат околу поливалентната метафора на патот, а се разгрануваат во неколку насоки: по патот кон себе, кон другиот и кон љубовта, и сите заедно „чекорат“ по патот на поезијата, зашто таа е „судена, во дамарите запишана“. Овие стихови се никнати од еден конкретен животен микрокосмос, со мирис на перуники од Бориево, со топлина на најубавото ќебе од чеизот, префрлено врз бездомникот на клупата пред зградата во една скопска населба, со заводливост на приказните на квасецот, солта и водата, натопени со капките меланхолија, што како од свеќа се цедат... Мудроносни, а детски љубопитни; набиени со емоции, но никогаш патетични; соочени со тегобноста на постоењето и „лепливото тесто на ништожноста“, но витално потпрени врз „најверниот пријател – животот“...

Стиховите на Танчева-Златева се во духот на македонската блажеконескиевска традиција на песни-цреши откинати од дрвото на животот, обликувани со изострено чувство за строгост, прочистеност на изразот и јазична перфекција.   

Соња Стојменска-Елзесер

Напишете ваш коментар