Патот на љубовта

Патот на љубовта

  • Автор: Ентони де Мело
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-581-3
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 134
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 280,00ден
Цена со попуст: 230,00ден
Заштедувате: 50,00ден

Редовна цена: 280,00ден

Цена со попуст: 230,00ден

Љубовта може да постои само во слобода. Оној кој вистински сака, се грижи за доброто на другиот овозможувајќи му да биде слободен и свој. Можете да најдете човек што ќе ве подучи во механиката, математиката или во некој странски јазик, што ќе ве научи да возите велосипед или да работите на компјутер. Но никој не може да ве научи на работите што се навистина важни – животот, љубовта, вистината, бог.

Патот на љубовта е последниот процут на мислата на духовниот учител Ентони де Мело. Основната тема на оваа книга е љубовта и пречките што стојат на патот за нејзино достигнување: нашите врски, желби, илузии, зависности, предрасуди. Низ своите медитации Де Мело нè поучува како да се ослободиме од оваа условеност за да можеме конечно да прогледаме, да сакаме и слободно да живееме. Зашто само срцето ослободено од сите условености и лични интереси – срцето кое нема што да штити и по што да копнее – може да ја согледа вистината.

Овие медитации треба да се вкусат и да се споделат. Мала по обем но голема според своето значење и практичната вредност за будење на умот, ова е книга што се чува блиску до срцето.

 

Напишете ваш коментар