Пат

Пат

  • Автор: Мигел Делибес
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-459-5
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 171
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 200,00ден
200,00ден

Пат ја раскажува последната ноќ на едно момче, Даниел Бувот, во неговото село, пред да замине во градот на школување. Буден и вознемирен, додека се превртува во постелата, тој се присетува на разни епизоди од својот живот во селото и на луѓето што живеат во него: другарите со кои споделува возбудливи доживувања, соседите што ги познава многу или малку, родителите… Преку овие расцепкани спомени, но поврзани во една целосна приказна, стануваме сведоци на љубовта на луѓето кон нивната земја и на секојдневните случки што ги прават нивните денови толку извонредни колку и вообичаени. Сето тоа во прекрасниот микрокосмос на селото на Бувот.

Мал е бројот на делата што можат да раскажат толку многу со еден толку едноставен јазик како Пат. Мудроста на едно дете нè маѓепсува како што ретко се случува во романите: раскажувачки глас полн со сила, искреност и невиност, со виталност и интелигенција; глас што одекнува со заглушувачка отровност во начинот на едно бездушно гледање на нештата, полн со детални описи на обичаите, глас кој го става во прашање сето она во што се верува поаѓајќи од чистотата и соединетоста со околината. Мигел Делибес создаде еден протагонист кој прави сите да се чувствуваме ситни и неважни наспроти неговиот здрав разум и моќта да го анализира тоа што го опкружува без да ја загуби свежината во своето раскажување.

Напишете ваш коментар