Папагалот на Флобер

Папагалот на Флобер

  • Автор: Џулијан Барнс
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300627
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 213
  • Димензии: 125x195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 380,00ден
Цена со попуст: 210,00ден
Заштедувате: 170,00ден

Редовна цена: 380,00ден

Цена со попуст: 210,00ден

На прв поглед, романот на Џулијан Барнс е приказна за еден англиски доктор кој е во потрага по интригантни детали од мистериозниот живот на авторот на ремек-делото Госпоѓа Бовари. Откако во еден музеј посветен на Флобер открива препариран папагал кој на славниот писател му послужил како инспирација за неговиот расказ Кротко срце, главниот лик се впушта во реконструкција на животот на Гистав Флобер преку некои малку познати детали за него. На тој начин пред читателот се креира една прекрасно напишана биографија за една контроверзна личност од 19 век, преполна со непознати факти и пресврти во стилот на детективски роман. Заради ваквите иновативни постапки на раскажување и комбинирање на книжевните жанрови, романот Папагалот на Флобер е награден со голем број признанија и книжевни награди во целиот свет.„Книга што нуди уникатно задоволство за секој читател, преплетувајќи ги историските факти и луцидната имагинација на авторот. Роман што ги содржи сите карактеристики на вистинско ремек-дело.“ Time„Еден од оние (ретко) ведри, интелигентни и искрени романи кои се полни со хумор и претставуваат вистински предизвик и авантура за читателот.“Today

Напишете ваш коментар