×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Трчам за тебе

Трчам за тебе

Кокан Ајановски


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Кокан Ајановски
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Димензија: 14 x 20.5 cm
ISBN: 9786082309767
Жанр: Биографии и мемоари
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
350 ден.

Убаво би било оваа книга да ја прочитаат сите коишто трчаат – по спортските патеки и во животот

Во 2008 година Кокан Ајановски за првпат го истрча полумаратонот во Скопје. По точно 16 години, тој е еден од најпознатите домашни маратонци кој секојдневно ги инспирира луѓето кон промени.

На што може да нè научи трчањето? Секој чекор кон целта е исполнување на формулата за среќен живот. Една од најчестите метафори што ги слушаме за животот е токму таа – дека животот е трка во која се натпреваруваме со себеси. Кокан веќе победи во многу трки – во својата животна приказна и во онаа на обележаните патеки.

Тој нè учи колку е значајно да не се откажуваме. Дури и кога температурите се ниски или високи, дури и кога се чини дека сè оди наопаку, дури и кога светот ни се урива над глава. Ако го одржуваш темпото, секогаш ќе бидеш поблизу до целта.

Сите ние можеме да го направиме тоа. Сите можеме вистински да трчаме кон подобро и порадосно утре! 

Кокан Ајановски

Кокан Ајановски

Види повеќе