×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Прирачник за доблесно живеење

Прирачник за доблесно живеење

Епиктет


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Епиктет
ISBN: 9786082309637
Жанр: Библиотека Безвременски
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
250 ден.

Убавината учи на самоконтрола, болката на издржливост, а неправдата на трпение

Формулата за решавање на најсложените животни проблеми е едноставна: несреќата произлегува од обидот да ги контролираме работите над кои немаме моќ, а среќата доаѓа од правилното насочување на нашето внимание кон работите што можеме да ги контролираме.

Според Епиктет, мудроста се постигнува преку искуство, а учењето – преку примери. Така и тој учел сакајќи да го поттикне човечкиот дух кон доблест. Неговиот „Прирачник“ бил популарен во Римската Империја, бил користен во средниот век како правилник за животот на монасите, читан е и коментиран од многу научници и филозофи сè до денес. Согледувањата на животните ситуации како што се осаменоста, немоќта, алчноста или прељубата, звучат живо и современо, исполнети со емоции, со иронија или возвишеност. Нивната цел е да му обезбедат на секој човек сигурен пат до среќата, среде сите подеми и падови на човековото постоење.

Епиктет

Епиктет

Види повеќе