×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Психологија на парите

Психологија на парите

Морган Хаусел


Издавач: Паблишер
Година на издавање: /
Автор: Морган Хаусел
ISBN: 9786084892755
Жанр: Бестселери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
500 ден.

Умешноста со парите зависи многу повеќе од начинот на кој се однесувате отколку од вашата интелигенција. А однесувањето тешко се учи, што важи дури и за најпаметните луѓе.

Пари, инвестиции, лични финансии и деловни одлуки – сите се изучуваат како наука заснована врз математиката во која податоците и формулите прецизно го одредуваат следниот чекор. Но во вистинскиот живот луѓето не носат финансиски одлуки врз основа на табели, туку одлучуваат додека се на вечера или во соба за состаноци – а во тие одлуки се обединуваат нивното минато, индивидуалните гледишта на светот, нивното его, гордоста и личниот поттик.

Во „Психологија на парите“ докажаниот автор Морган Хаусел во 19 поглавја ги истражува невообичаените ставови што луѓето ги имаат кон парите и ги учи како подобро да го разберат едно од најважните животни прашања.

 

„Ретко кој може да напише книга за финансиите со таква јасна прецизност како Морган Хаусел.“

Даниел Х. Пинк

 

„Секој човек треба да има примерок од оваа книга.“

Џејмс Клир

 

„Ставовите на Хаусел погодуваат право во целта: ги изложуваат нештата што никогаш претходно не биле кажани, а истовремено имаат и смисла.“

Хауард Маркс

Морган Хаусел

Морган Хаусел

Види повеќе