×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Среќа е да пијам чај со тебе

Среќа е да пијам чај со тебе

Мамен Санчес


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Мамен Санчес
ISBN: 9786082309170
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
360 ден. 450 ден.

Заштедувате 90 ден.

Атикус Крафтсмен, млад британски џентлмен кој работи во семејната издавачка куќа и голем љубител на чајот ерл греј, е задолжен да отпатува во Мадрид за да го згасне тамошното непрофитабилно списание. Неговата редакција ја сочинуваат пет многу сложни жени, кои се подготвени на сѐ само за да не останат без работните места. Кога Атикус необјасниво ќе исчезне во темната внатрешност на Шпанија, сомнението паѓа токму врз нив.

Инспекторот Манчего ќе биде задолжен да ги расплете нишките на настаните во кои романтичната комедија се меша со најтрогателна драма, а трилерскиот заплет завршува со врвно книжевно откритие на сите времиња. Тешкото станува лесно, судбините на хероите се испреплетуваат на најнеобични начини, а неволите потонуваат во море од солзи... но солзи од смеа и восхит. И сето тоа за да сфатиме дека љубовта објаснува сѐ. Предупредување: овој роман може да изврши длабоко влијание врз вашиот песимистички поглед на реалноста!

„Духовито, романтично и апсолутно шармантно.“

Џурни оф а букселер (Journey of a Bookseller)

„Израдувајте се со овој забавен, романтичен роман кој ќе ви ја врати насмевката на лицето.“

planetadelibros.com

„Книга што ќе ве потсети дека љубовта сѐ уште постои.“

somoslibros.net

Мамен Санчес

Мамен Санчес

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира