×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Телото памети

Телото памети

Бесел Ван Дер Колк


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Бесел Ван Дер Колк
ISBN: 9786082308562
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
690 ден.

За да се случи вистинска промена, телото треба да сфати дека опасноста поминала и да живее во сегашната реалност.

Траумата е дел од животот. Човек не мора да биде војник на бојно поле за да се соочи со траума. Многумина од нас или од луѓето што ги познаваме се справуваат со болните последици од своето минато. Голем број возрасни со децении се борат со траумите од емоционалното или физичко насилство што го претрпеле во детството. Истакнатиот светски експерт за траума Бесел ван дер Колк веќе пет децении им помага на овие несреќни луѓе. Користејќи ги последните научни истражувања, во „Телото памети“ ни покажува како траумата ги преобликува телото и мозокот, намалувајќи ни ја способноста за самоконтрола, доверба и исполнет живот. Истражувајќи иновативни начини за лекување – од неврофидбек и медитација до спорт, театар и јога – тој нуди нови патишта за ослободување од траумата. Заснована врз сопствените истражувања на Колк и најновите резултати од водечки специјалисти во областа, оваа книга ја открива огромната моќ на односите, и оние кои повредуваат и оние кои лекуваат, и нуди нова надеж за враќање на среќата во животот.

„Исклучителна книга која ќе биде класика на модерната психијатриска мисла. Задолжителна за секој што сака да го разбере и излечи трауматскиот стрес и опсегот на неговото влијание врз општеството.“ Александер Мекфарлејн, директор на Центарот за студии по трауматски стрес на Универзитетот во Аделаида

Бесел Ван Дер Колк

Бесел Ван Дер Колк

Види повеќе