×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Продавница за животни промени

Продавница за животни промени

Рафаела Жордано


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Рафаела Жордано
ISBN: 9786082307640
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
450 ден.

Роман што буди желба да внесеме повеќе живот во животот и да ја прифатиме иновативната филозофија водилка на зебрата: „смелорноста“.

Три нетипични личности, три електрони со слободни души. Кога ќе им се вкрстат патиштата, поредокот на нештата ќе се измени засекогаш. Полето на можностите се отвора, а хоризонтите се прошируваат. Тие се слеваат еден во друг за да си најдат послободен, поотворен, посреќен пат...

Базил, пронаоѓач, раздвижувач на невроните со несекојдневна генијалност, нè води во еден поетско-уметнички свет што го скокотка умот и поттикнува да скршне од униформното размислување. Отвора „бихевиористичка“ продавница од трет вид: за провокативни предмети што ги будат фантазијата, креативноста и го поттикнуваат отворањето на умот. Џулија, надарен „нос за парфеми“, мечтае да внесе душа во својот занает, а нејзиниот син Артур, бунтовен тинејџер, се труди да си го открие местото во светот во кој припаѓа. Наспроти нив е Лујза Мортеј, уредничката на општинскиот весник која сака по секоја цена да ја затвори чудната продавница.

До каде ќе ги однесе своите ликови? Популарната писателка се враќа во своето најдобро издание – со нов извонреден роман со кој уште еднаш нè изненадува и нè освојува.

Рафаела Жордано

Рафаела Жордано

Види повеќе