×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Кој го здипли моето сирење (тврд повез)

Кој го здипли моето сирење (тврд повез)

Спенсер Џонсон


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Спенсер Џонсон
ISBN: 9786082307527
Жанр: Популарна психологија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
320 ден.

Кој го здипли моето сирење? е едноставна басна која ни донесува длабоки вистини за промените. Тоа е забавна и поучна приказна за четири суштества кои живеат во „Лавиринтот“ и бараат „Сирење“ од кое живеат и кое ги прави среќни.

Две од нив се глувчиња, Душкало и Брзи. А две се „човечиња“ - суштества со големина на глушец кои со однесувањето и со ликот многу потсетуваат на луѓето. Се викаат Туцко и Муцко. „Сирењето“ е метафора за она што сакате од животот - добра работа, сериозна врска, пари, имот, здравје и душевен мир.

А „Лавиринтот“ е место во кое го барате она што го сакате - организацијата во која работите или семејството и заедницата во која живеете.

Кога ќе стасате до „Ракописот на ѕидот“ и сами ќе откриете како да се справите со промените, па ќе можете да уживате во поголеми успеси со помалку стрес во работата и во приватниот живот.

Оваа приказна е напишана за сите возрасти, ќе ја прочитате за помалку од еден час, но нејзината исклучителна мудрост ќе ви трае цел живот.

„Кој го здипли моето сирење“ е книга што ја користат мажи и жени во многу корпорации, државни институции, војската, во малите претпријатија, болниците, црквите и училиштата вклучувајќи ги и: Apple Computers, Dell Computers, Goodyear, HP, IBM, Kodak, Nestle, Pepsi, Proctor & Gamble, Shell, Time..

Спенсер Џонсон

Спенсер Џонсон

Види повеќе