×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Девојката со тетоважа на змеј

Девојката со тетоважа на змеј

Стиг Ларсон


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Стиг Ларсон
ISBN: 9786084577423
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
500 ден.

Како и секоја година и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вангер за роденден му пристигна необичен подарок - уште еден потсетник на таинствената случка од минатото што претставува неподносливо време за старецот. Затоа сака да се обиде уште еднаш пред смртта да ја разреши мистеријата што го измачува со децении...Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари и косопственик на магазинот Милениум. Познат е како бескомпромисен борец за расветлување на економските малверзации со беспрекорна кариера и извонредна репутација. Кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен ќе се најде на животна и деловна пресвртница. Токму тогаш ја добива неочекуваната понуда од Хенрик Вангер... Бледа и со анорексичен изглед истетовирана со речиси избричена глава со пирс на носот и на веѓата - Лизбет Саландер е најдобриот истражувач во една престижна стокхолмска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат и не само што ќе се соочат со мистеријата од минатото туку и со аномалиите на современиот општествен поредок што доведува до изразување на најлошите човечки особини.

Најголемиот шведски феномен од времето на групата АББА. Пипл

Замислете си ги филмовите на Ингмар Бергман вкрстени со романот Кога јагнињата ќе стивнат на Томас Херис. Ју-ес-еј тудеј

Стиг Ларсон

Стиг Ларсон

Види повеќе