×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Приказна за новото презиме

Приказна за новото презиме

Елена Феранте


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Елена Феранте
ISBN: 9786082305073
Жанр: Филмувани романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
600 ден.

Приказна за новото презиме е втората книга од четиритомниот омаж на женското пријателство еднакво возбудлив и сурово искрен како и претходниот Мојата генијална другарка.

Двете неразделни другарки сега се шеснаесетгодишнички што тргнуваат по различни патишта, судирајќи се со семејството, политиката, љубовта, верноста и, пред сè, со пријателството. Новото презиме и корумпираноста го заробуваат немирниот дух на Лила, а Елена го напушта задушливиот провинциски живот за да го продолжи образованието. По заедничкото летување и неочекуваниот пресврт што им го искушува пријателството, Елена тивко страда поради нејзиното предавство. А кога Лила ја замолува да ѝ почува една скришна кутијка со своевидни дневници, Елена не може да не ги прочита – а потоа огорчено ги фрла во реката...

Со својот жесток набој и истанчен усет за нијанси и детали, Феранте мајсторски ја ткае приказната испреплетувајќи ги живите сеќавања на Елена и интимните записи на Лила. Овој колаж од две судбини е моќно сведоштво за суровоста на женското созревање во еден машки свет.

„Возбудлив и храбар современ еп за демонската моќ на човечката, и особено женската креативност, под будните очи на историјата и општеството.“ Лос Анџелес ривју оф букс

Елена Феранте

Елена Феранте

Види повеќе