×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




СКБ Посета на бандата

СКБ Посета на бандата

Џенифер Иган


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Џенифер Иган
ISBN: 9786082304922
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
380 ден.

Фасцинантните испреплетени приказни на Џенифер Иган гравитираат околу животите на Бени Салазар музички продуцент во години кој на времето бил панк-рокер и Саша лудата девојка што работи за него. Бени и Саша никогаш не го дознаваат минатото на другиот но читателот се запознава и со неговото и со нејзиното минато и тоа до најинтимните детали а со тоа и со тајните животи на шаренилото од други ликови чии патишта се вкрстуваат со нивните во текот на многу години и на многу места од Њујорк преку Сан Франциско и Неапол до Африка.

Посета на бандата е книга за воздејството на времето и музиката, книга за опстанокот, за превирањата и преобразбите поттикнати и од најблагите пресеци на нашите судбини. Користејќи зачудувачки венец од стилови и тонови, што се протегаат од трагедија до сатира, па дури и до „Пауер поинт“, Иган успева да ги долови спротивното длабоко струење на самоуништувањето, кое сите ние мораме или да го совладаме или да му се предадеме; вродениот глад на човек за искупување; како и сеопштиот нагон да се посегне по двете – и да се избега од безмилосниот тек на времето, во безвремените царства на уметноста и музиката.

Зајадливо, возбудливо романескно дело напишано од еден од најсмелите автори на денешницата.

Џенифер Иган

Џенифер Иган

Види повеќе