JavaScript seems to be disabled in your browser. You must have JavaScript enabled in your browser to utilize the functionality of this website.
Добредојдовте!
Во руралните предели на Англија еден човек по многу години се враќа во својот дом од детството. Освен старите куќи и познатите патишта, тој повторно ќе ги открие своите детски спомени и ќе се сети на неверојатната пријателка Лети Хемпсток, која живее со нејзината мајка и баба. Меѓутоа, потсетувајќи се на минатото, тој набрзо сфаќа дека неговите детски авантури биле многу поопасни и почудни отколку што претпоставувал...
Океан на крајот од патот е врвно дело на мајсторот на фантастиката Нил Гејман, замислено како трогателна, страшна и елегична бајка за возрасни, која го води читателот во незаборавна авантура на границите меѓу реалноста и фантазијата. Иако читателот се среќава со многу фантастични и митолошки суштества, во романот на суптилен начин всушност се допираат темите на пријателството, детството, семејството, љубовта и жртвувањето во име на другите луѓе. Раскажана со многу топлина и хуманост, приказната на Гејман ги црпи своите теми од древните митологии и од книжевноста за да создаде лавиринт во кој читателот ужива сè до последната страница, соочувајќи се со вечната борба меѓу доброто и злото.
Мисла на денот
Топ 5
Во какви книги најмногу уживате?