Океан море

Океан море

  • Автор: Алесандро Барико
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786084577942
  • Година на издавање: 2010
  • Број на страни: 224
  • Димензии: 125x195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 280,00ден

280,00ден

Во гостилницата Алмаер, на работ од морето, се преплетуваат судбините на чудните ликови на овој необичен роман.
Тука е еден научник, кој пишува Енциклопедија на граници и се обидува да пронајде каде завршува морето, сликар кој го слика морето со морската вода, свештеник кој му пишува на Севишниот необични молитви во стихови... Да не ја заборавиме Елизвин, девојчето што се плаши од сè и на кое ѝ е препишано бањањето во море, чијашто вода дотогаш се сметала за гнасна и нездрава, а кое во тој временски неопределен период почнува да го презема приматот на бањите поради своето благотворно дејство на многу болести. Тука е и мадам Деверија, која во тоа место, ни на копно ни на море, се обидува да избега од љубовта. Тука се и сопствениците на гостилницата, сите деца: Дира, Диц, Дуд и Дол, со своите необични таленти, па Адамс и доктор Савињи, секој со својата страшна тајна.
А сепак, пред сè и пред сите, главниот лик на овој роман секако е морето, страшниот и нежен океан, со својата бескрајна моќ што носи спасение или смрт, секому според сопствената судбина.

Напишете ваш коментар