Огнениот ангел

Огнениот ангел

  • Автор: Валериј Брјусов
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082300603
  • Година на издавање: 2012
  • Број на страни: 309
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 400,00ден
400,00ден

Еден од најмистериозните руски романи, „Огнениот ангел“ на Валериј Брјусов во исто време претставува автобиографско, мистично и историско дело, своевидно житие на окултистите што трагаат по скриени знаења, но и приказна за еден љубовен триаголник од реалниот живот, вткаена во текстот на романот. „Огнениот ангел“ не е само историски роман, тоа е роман за кој историјата претставува претекст и материјал за љубовна драма и драма поврзана со таинствени пројави на природните сили и човечката психа. Во исто време, тоа е роман за спознавањето, затоа што љубовта е секогаш спознавање, секогаш пат кон повисоката смисла. Во романот, љубовното познавање е поврзано со спознавањето на демонските и божествените сили, спознавање по секоја цена, дури и по цена на загуба на душата. Во служба на таа задача, романот прибегнува кон љубовта, историските факти, судбината на одделни лица и историски личности, позитивната филозофија и окултните науки.

„Огнениот ангел“ е плод на соединување на извонредно силен талент со извонредно богатата ерудиција, тоа е повест распламтена од огнот на вдахновението и творештвото, а што во исто време се сокрива под оклопот на научниот објективизам.

Напишете ваш коментар