Огледи за љубовта

Огледи за љубовта

  • Автор: Алан де Ботон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-227-0
  • Година на издавање: 2014
  • Број на страни: 211
  • Димензии: 125/195
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 320,00ден
320,00ден

На „судбинскиот“ лет Париз-Лондон раскажувачот се запознава со својата шармантна сопатничка Клои и додека да пристигнат до подвижната лента за подигнување на багажот – тој веќе е вљубен во неа. Оттука почнуваме да го следиме заплетот на нивната љубовна приказна – од почетниот делириум на привлечноста до длабочините на суицидниот очај, „терористичките“ тактики кон кои прибегнуваат љубовниците кога саканиот ќе почне да се оддалечува од нив, до поуките за љубовта.

Брилијантен роман на Алан де Ботон, еден од најчитаните современи писатели-филозофи. Проткаен со длабоки размисли на многу познати филозофи и уметници и зачинет со ироничен хумор и духовити дијаграми, Огледи за љубовта во име на сите нас ги преиспитува занесот и болката на љубовта и се заокружува со необично оптимистичен крај.

Духовито, забавно и софистицирано, Огледи за љубовта е задолжително четиво и за среќно вљубените, и за разочараните, и за оние што трагаат по љубов.

 

Напишете ваш коментар