Јога кучка

Јога кучка

  • Автор: Сузан Морисон
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082301440
  • Година на издавање: 2013
  • Број на страни: 274
  • Димензии: 140X205
  • Корица: мека
  • Јазик: МК
Цена: 450,00ден
450,00ден

Што се случува кога дваесет и петгодишна девојка, која ужива во бифтек, кафе, вино и цигари, ќе реши дека е време да му се посвети на својот духовен живот? Па... не баш она што го очекувате.
Така Сузан Морисон, авторката на оваа книга, решава да отпатува на двомесечен престој на Бали за да се ослободи од стравот од смртта и да стане како нејзината инструкторка по јога – Индра, која навидум има сè: љубов, себеси и Бог.Меѓутоа, нештата не се одвиваат сосем според планот. Кога ќе пристигне на Бали, Сузан дознава дека нејзините колеги и учители секое утро пијат голема шолја топла... урина. Шеќерот е смртен грев. Духови ги опседнуваат кујнските апарати. И колку повеќе се обидува да се продухови, нејзината борба со цинизмот, егото, но и чоколадата и виното, станува сè потешка.Јога-кучка е дневник на една авторка која ги бележи сите авантури за време на својот духовен престој на Бали, како и патот што ќе мора да го измине за да се пронајде себеси вистински.

Напишете ваш коментар