Љубовологија

Љубовологија

  • Автор: Бруно Шимлеша
  • Издавачка куќа: ПАБЛИШЕР
  • ИСБН: 978-608-4569-62-6
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 274
  • Димензии: 210/140
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 400,00ден
Цена со попуст: 340,00ден
Заштедувате: 60,00ден

Редовна цена: 400,00ден

Цена со попуст: 340,00ден

▪ Која е разликата меѓу љубов и заљубеност?
▪ Постојат ли безусловна љубов и сродни души?
▪ Дали љубовта е прашање на одлука и дали е вистина дека спротивностите фатално се привлекуваат?
▪ Зошто доаѓа до неверство и може ли да се преболи?

Ова се само некои од прашањата што ги поставува најпознатиот хрватски автор на духовна литература Бруно Шимлеша во својот бестселер Љубовологија и на едноставен но луциден начин нè учи како да изградиме здрави и среќни односи со другите.

Дали станува збор за партнерска или семејна љубов, за пријателски или деловни односи, авторот ни ги разоткрива вообичаените заблуди и погрешни очекувања што си ги наметнуваме едни на други, но исто така предлага и решенија кои ќе ги вратат довербата и задоволството во најважната сфера на животот. За градење на вистинска љубовна врска клучни се три фактори – рамнотежа на давање и примање убавина, висок степен на компатибилност и искреност. Бруно Шимлеша нуди и еден уникатен тест, кој ќе им помогне на партнерите да откријат колку нивните љубовни желби и надежи се совпаѓаат и имаат ли темел за вистинска врска каква што секогаш посакувале.

Кога би постоела наука за љубовта, оваа книга би била учебник!

 

Коментари од корисниците:

Коментар од Весна Стојановска:
Браво за ПАБЛИШЕР најдобрата издавачка куќа за деловен и личен развој!!! Супер книга, која е доста практична во секоја сфера на животот, воедно може и да Ве насмее додека ја читате но и да Ве замисли што треба да смените кај себе. (Објавен на 06.8.17)

Напишете ваш коментар