Сеиобо таму долу

Сеиобо таму долу

  • Автор: Ласло Краснахоркаи
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-448-9
  • Година на издавање: 2016
  • Број на страни: 398
  • Димензии: 140/205
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 450,00ден
Цена со попуст: 290,00ден
Заштедувате: 160,00ден

Редовна цена: 450,00ден

Цена со попуст: 290,00ден

Јапонската божица Сеиобо во својата градина поседува праскино дрво кое цвета еднаш на секои три илјади години: неговите плодови даруваат бесмртност. Во Сеиобо таму долу ги сведочиме нејзините чести враќања во смртните предели, поттикнати од потрагата по барем мигновена глетка на совршенство.

Во романот на Краснохоркаи убавината го одразува – макар само краткотрајно – светото, иако ние најчесто не сме во состојба да се носиме со него. Сеиобо ни ја прикажува реставрацијата на една древна статуа на Буда; ни го прикажува Перуџино како раководи со својот дуќан; јапонскиот но-актер додека ги вежба своите улоги; фанатичниот вљубеник во барокната музика кој држи предавања пред грст остарени селани; туристите кои ја нарушуваат неповредливоста на ритуалите врзани за најсветото место за обожавање во Јапонија; чапјата како лови...

Над сиве овие сцени, но и над многу други – распределени во согласност со низата на Фибоначи – лебди Сеиобо, набљудувајќи го сиот тој свет под себе.

Напишете ваш коментар