Планум приказна

Планум приказна

Цена: 499,00ден
499,00ден

ПланУМ приказна е креативен интерактивен планер за ученици од основно и средно училиште, збогатен со внимателно избрани и дизајнирани вежби и техники кои се базираат врз методологијата за личен развој и техники од позитивната детска психологија. Низ конципиран процес на планирање и освестување на личните афинитети и квалитети, младиот ПланУМец се развива во одговорна, свесна и отворена личност.

ПланУМ приказна обработува различни теми од интерес за најмладите и ги поттикнува и родителите и децата да зборуваат отворено за детските желби, потреби, планови, стравови и дилеми. Преку забавни игри, задачи и предизвици, ПланУМ приказна овозможува децата да си ги развиваат интелигенцијата и талентите, да ги продлабочат своите размислувања, да работат на остварување на своите интереси, желби и соништа, како и да усвојат многу нови теми и прашања со кои ќе се среќаваат во текот на својот развој.


Крајната цел на ПланУМ приказна е:

- откривање на нови таленти и вештини кај децата
- развој на креативноста низ забава
- организирање на обврските
- поставување цели за идни врвни достигнувања
- создавање здрави навики
- градење на цврсти односи со врсниците и со родителите
- откривање и активна работа на силните и слабите страни на детето.


Бидејќи секој корисник создава свој уникатен план и одговор на зададените предизвици, варира и комплексноста на резултатите. Вклученоста на родител или старател е неопходна при пополнување на ПланУМ приказна кај помладите, додека кај повозрасните деца асистенцијата би била делумна или во зависност од барањата на самата вежба. 

Напишете ваш коментар