Најчитаните и најнечитаните колумни

Најчитаните и најнечитаните колумни

  • Автор: Венко Андоновски
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 978-608-230-695-7
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 262
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 350,00ден
Цена со попуст: 280,00ден
Заштедувате: 70,00ден

Редовна цена: 350,00ден

Цена со попуст: 280,00ден

Пред тебе стои мојата книга Најчитаните и најнечитаните колумни. Главна причина да ги објавам во книга е тоа што веќе сигурно нема да се занимавам со политичка колумна. Впрочем, 35 години веќе непрекинато пишувам колумни, експериментирајќи со овој жанр, обидувајќи се да го оддалечам од вулгарно политичкото и да го доближам до здравото логичко мислење, личното толкување на фактите, до есеистиката, до сопствениот став и сопствената гледна точка.

Денес колумната не само што се сведе на хистерично изразување исклучив став (кој читателот, дури и да е навистина личен став, веднаш го прогласува за партиски), туку стана и полигон за изразување интелектуална суета. Мене тоа не ми треба. Како ни висока читаност. Читаноста денес е пазарен критериум и јас веќе знам дека најпродаваното не значи по дефиниција и најдобро.

Ќе бидам пресреќен доколку навистина, драг читателу, провериш што сè сум напишал во тоа бурно време, доколку внимателно процениш колку сум бил контрадикторен и каде сум се „лизнал“, а каде сум погодил некои нешта. Сума сумарум: ако критички ме исчиташ, без надворешни политички влијанија и предрасуди. Венко Андоновски

Напишете ваш коментар