Како да се разговара со непознати

Како да се разговара со непознати

  • Автор: Малком Гладвел
  • Издавачка куќа: ТРИ
  • ИСБН: 9786082307206
  • Година на издавање: 2020
  • Број на страни: 315
  • Димензии: 140/210
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски
Цена: 500,00ден
500,00ден

Бестселер на Њујорк тајмс, книга на годината на Фајненшл тајмс, Блумберг, Чикаго трибј

Како еден кубански шпион поминал над 25 години во Пентагон без да биде откриен? Зошто британскиот премиер Чејмберлен сметал дека може да му верува на Хитлер? Како рутинското застанување во сообраќајот може да се претвори во трагедија? И зошто е толку тешко да се открие лага, да се прочита изразот на нечие лице или да се проценат туѓите мотиви?...Затоа што честопати погрешно ги разбираме луѓето што не ги познаваме.

Преку низа анегдоти од областа на историјата, психологијата и законот, Гледвел нѐ поведува во интелектуална авантура низ потемната страна на човечката природа, каде што непознатите луѓе и нивните постапки ни се голема мистерија, а погрешното расудување за нив доведува до катастрофални последици. Фасцинантна книга што нè поттикнува да ги преиспитаме своите начини за справување со непознатото.

Книга од која можеме да научиме како да разговараме со непознатите за да ги избегнеме недоразбирањата и конфликтите кои честопати можат да бидат и фатални.

Напишете ваш коментар